91
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Налеху на Хаваите, соопшти Американскиот геолошки институт.
Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Тресењето на земјата се почувствувало и на островот Оаху каде се наоѓа Хонолулу.
Не се очекува цунами, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.