Сиљановска: Како претседател ќе ги применувам Договорот од Преспа и новото уставно име

by fokus

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во вечерашната дебата на Телма на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори потврдно.

-Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2  стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“, рече Сиљановска Давкова.

Поврзани новости