Барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхашките критериуми и не се во духот на конститувните акти на Европската Унија.
Ова го кажала претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во својот воведен говор со кој ја отворила панел-дискусијата на „Европските демократски студенти“, учесници на „Зимскиот универзитет ЕДС 2026“, што годинава се одржув во Скопје, соопштија од нејзиниот кабинет.
„Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ“, се вели во соопштението.
Говорејќи за евроинтегративниот пат на Македонија, таа, како што наведуваат од нејзиниот кабинет, потсетила на десеттината „да“ од страна на Европскиот парламент и на Европската комисија за пристапните преговори на земјава и на уште толку „не“ од Европскиот совет „заради вето од некои соседи“.