Европската комисија истражува сајбер напад врз своите веб-страници, при што првичните наоди укажуваат дека дел од податоците можеби се украдени.
Извршното тело на Европската унија наведе дека нападот бил откриен во вторникот и веднаш биле преземени итни мерки за негово сузбивање, пренесува Политико.
Нападот ја погодил cloud-инфраструктурата што Комисијата ја користи за управување со платформата Europa.eu, каде се наоѓаат веб-страниците на Европската комисија, Европскиот парламент, Советот на Европската унија и други институции на ЕУ.
Инцидентот е ставен под контрола, но првичните резултати од истрагата укажуваат дека некои податоци од тие сајтови можеби биле преземени.
Во соопштението се наведува дека интерните системи на Комисијата не се погодени.
Не е соопштено кој стои зад нападот.