Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, отфрла влијание од експремиерот Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, а за лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, вели дека воопшто не е важно што тој мисли за внатрешната состојба во Унгарија.
„Се надевам дека ме сметате за посериозен од тоа некој да ми диктира со кого да се сретнам. Како што знаете, денеска се сретнав со министерот за надворешни работи затоа што и јас доаѓам како министер за надворешни работи. Но, не гледам која е спорната ситуација потоа да се сретнам со претставниците на нашата сестринска партија кога доаѓам на нејзина покана“, – рече Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија доби прашање и како ќе реагира на ставови изнесени во минатото од Зоран Заев и неговата партија дека во Унгарија има диктаторска влада, а Виктор Орбан е диктатор.
„Не е важно што мисли господинот Заев за внатрешната состојба Унгарија, затоа што не е Унгарец – рече Сијарто.