626
За време на судење во Специјалниот суд во Белград, обвинетиот Зоран Јеличиќ си го пресекол вратот пред сите во судницата.
Како што пренесуваат српските медиуми, обвинетиот побарал збор, излегол на судската говорница и рекол „Сега ќе се убијам пред сите“. Потоа извадил остар предмет и си го пресекол вратот, а успеал да ја пресече и вената.
Наводно, стражата брзо реагирала и го спасила Јеличиќ, кој за среќа, нема повреди опасни по живот.
Немилиот настан се случил во текот на судењето на злосторничката „Ваљевска група“.