Една и пол година затвор за поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски

by fokus

Основниот кривичен суд во Скопје денеска му изрече една и пол година затвор на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски, кој се наоѓа во бегство во Грција, во повторената постапка за случајот „Тврдина 2″.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување документи поврзани со прислушувањето.

Изречената казна е иста како и првата пресуда која првостепениот суд му ја изрече, а Апелацискиот суд во Скопје ја врати на повторно судење, бидејќи не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.

Поврзани новости