Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал вчера со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти Пентагон.
Како што пренесуваат медиумите, повикот дошол пред Израел да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за овој напад, пренесува Си-ен-ен.
Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека ќе возврати на нападот на Иран во наредните денови и дека Вашингтон не ја поддржува оваа акција на Тел Авив.
Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени по активирањето на системот за противвоздушна одбрана на земјата.