Решението на Апелационен суд за притвор на тројцата вработени во МВР ќе биде одложено, бидејќи тие допрва ќе се жалат до Врховниот суд. Ова за Алсат М го потврди адвокатот Љупчо Шврговски кој е дел од одбрана, за телевизија Алсат М. Тој објаснува дека дури откако ќе ги добијат одлуките, неговите клиенти ќе се жалат до Врховниот суд.
„Сигурен сум дека ќе бидат поднесени жалби за решенијата на Апелациониот суд. Фактот што Апелација бара притвор, а Кривичниот совет претходно донесе само мерки за претпазливост е понеповолна ситуација и имаат право на жалба до Врховен“, вели адвокатот Шврговски.
Откако ќе ги примат одлуките за притвор, обвинетите имаат право во рок од 24 часа да поднесат жалби. Потоа, Врховниот суд треба за 48 часа да се произнесе.