Каков имот поседува наследникот на Мијалков во УБК?

by fokus

Горан Николовски го наследи Сашо Мијалков на местото директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, откако пократок период таа функција ја вршеше Владимир Атанасовски. Новиот директор според богатството не може да се спореди со Мијалков, но може да се заклучи дека е љубител на луксузни автомобили.

Во имотниот лист поднесен до Државната комисија за спречување корупција, Николовски на свое име пријавил два автомобила, секој вреден 613.000 денари. Едниот е БМВ х5, а другиот Нисан Џуке. Поседува и Јамаха, скутер на вода.

Неговата сопруга има автомобил Хонда Инсигхт процената на 490.000 денари, како и стан во Скопје во вредност од 4.300.000 денари.

Од недвижен имот, Николовски на свое име поседува куќа и земјиште во вкупна вредност од 7.900.000 денари.

Поврзани новости