483
Во акцијата што вчера ја спроведе граничната полиција одземени се вкупно 540 килограми сурово кафе, спакувани во девет вреќи и натоварени на три коњи, соопштија од СВР Охрид.
Во нелегалната трговија со кафе, учествувале две лица кои од Република Албанија остварувале илегален влез на територијата на Република Македонија до селото Селокуќи, а потоа со натовареното кафе се враќале по илегалниот пат назад кон македонско-албанската граница.
Двете лица успеале да избегаат на различни страни, а полициските службеници ги одзеле коњите со натоварените девет вреќи сурово кафе.