Шврговски побара на Грујевски да не му се суди во отсуство, судијката го одби

by fokus

На почетокот од денешното рочиште за предметот „Тврдина 2“, адвокатот Љупчо Шврговски побара од судот одложување на постапката на неопределено време се додека не се знае како ќе заврши постапката за екстрадиција на првообвинетиот Горан Грујевски, поранешен началник на Управата за безбедност и контраразузнавање. Судијката, Лидија Петровска, го одби неговото барање и по подолго време почна главната расправа за обвинението на Специјалното јавно обвинителство во врска со уништување на доказите за прислушување.

Како што рече Шврговски судењето во отуство не може да се реализира сè додека не заврши екстрадицијата, затоа што на Грујевски ќе му биде повредено правото на одбрана. Според обвинителите од СЈО барањата се неосновани бидејќи на Грујевски не му се ускратува правото да бара повторување на постапката.

Шврговски најави дека доколку не биде одобрена екстрадицијата, Грујевски може да побара политички азил.

Рочиштето продолжи со изнесување докази од страна на обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов од СЈО. Тој дел од расправата е затворен за јавноста.

Грујевски е обвинет во овој предмет дека ја дал наредбата за уништување на доказите од прислушувањето. Обвинети се уште шестмина вработени во УБК.

Поврзани новости