„Шверцери“: Кога излегувавме од МНТ не забележавме дека сме направиле штета

by fokus 15:03
15:03

Навивачката група „Шверцери“ на својот профил на Фејсбук порача дека во петокот навивале коректно во МНТ и не користеле никаков навредлив говор или говор на омраза.

„Во врска со информациите кои се појавија во медиумите за некакво наше „дивеење“ при прославата на 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“ мора да истакнеме дека е очигледна намерата да се оцрни оваа навивачка група со невистинити информации шпекулации.

- Advertising -

Вистината е дека ние како организирана група влеговме во објектот каде беше закажано одбележувањето на јубилејот, при што беше прикажан краток документарен филм за оваа навивачка група како и доделени признаници на еминентни личности од фудбалската живот кои го дале својот допринос за нашиот клуб. Ние сме навивачи и навивањето а нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза.

Ги пеевме нашите навивачки песни и ги скандиравме имињата на личностите кои добија признаници, како го скандиравме името на нашиот Неџмедин Мемеди така го скандиравме и името на Ѓоре Јовановски, на Арѓенд Беќири и Гого Јовчев и на сите други.

Како влеговме организирано така и организирано излеговме од објектот на театарот и при излез проверивме да не случајно е направена некоја штета, но не забележавме ништо такво.

Ова е вистината и сите други информации се само во правец на оцрнување на нашата навивачка група и шпекулирање со вистината.

Направивме се да бидеме добри гости на и нашиот театар“, велат „Шверцери“.

Поврзани новости