Шведската премиерка во оставка со втор обид да формира влада

by fokus

Магдалена Андерсон ќе направи втор обид да ја формира владата на Шведска, откако вчера, неколку часа откако беше избрана, поднесе оставка.

-Го информирав претседателот на парламентот дека сум подготвена да ја водам Шведска и да формирам социјалдемократска влада. Денеска спикерот повторно ме предложи да бидам премиерка. Гласањето ќе биде в понеделник.
Партијата на центарот, Левицата и Партијата за животна средина најавија дека ќе ме поддржат. Возбудена сум што почнувам со работа бидејќи знам дека Шведска може подобро. Нашата земја е одлична, но имаме и сериозни социјални проблеми со кои треба да се справиме, порача Андерсон.

Таа вчера поднесе оставка, бидејќи нејзиниот коалициски партнер од Зелените ја напушти владата.

Поврзани новости