Јовески: Автобусот имал дополнителни канти за гориво, но биле празни

by fokus

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во автобусот кој изгоре о Бугарија имало пластични канти наменети за гориво, но истите биле празни.

„Неспорно е дека имаше пластични канти наменети за гориво, но тие беа празни и не беа засегнати од пожарот“, истакна Јовески.

На прашање на модераторот за тоа каде се наоѓале овие канти, Јовески вели дека кога тој пристигнал тие биле покрај возилото.

„Истражителите ми објаснија дека тие се наоѓале во еден простор, во моторот на автобусот, под тој простор се наоѓа акомулаторот и над него биле сместени овие празни канти“, додава Јовески.

Поврзани новости