Шведската премиерка поднесе оставка неколку часа откако беше избрана

by fokus

Неколку часа откако денеска беше избрана за премиер на Шведска, Магдалена Андерсон поднесе оставка бидејќи парламентот не го поддржа владиниот предлог буџет, а коалицискиот партнер Зелени ја напушти малцинската влада.

-Се работи за почит, но исто така не сакам да водам влада чиј легитимитет може да биде доведен во прашање, рече Андерсон на прес-конференција.

Таа го информираше претседателот на парламентот Андерас Норлен дека сè уште е заинтересирана да води еднопартиска социјалдемократска влада.

Претседателот на шведскиот парламент Андреас Норлен изјави дека ја прифатил оставката на Андерсон и дека утре по разговорите со партиските лидери ќе објави натамошни потези.

Предлог-буџетот на Владата беше отфрлен во корист на предлогот на опозицијата, вклучително и десничарските демократи. Зелените најавија дека се подготвени повторно да ја поддржат Андерсон во новото гласање за избор на премиер.

Поврзани новости