Турците излегоа на улици поради ценовниот шок

by fokus

Турската полиција вечерва го растури протестот против владините политики и зголемените трошоци за живот во Истанбул и приведе повеќе од 30 демонстранти.

Демонстрантите, главно припадници на левичарските групи почнале да се собираат во истанбулското маало Кадикој, кoешто се наоѓа во азискиот дел од градот, кога интервенирала полицијата. Тие побараа владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган да поднесе оставка.

Протестот доаѓа по растечката инфлација која сериозно ја наруши купoвната моќ на Турците, високата невработеност и рекордниот пад на лирата. Од почетокот на годината турската валута изгуби 70 отсто од своите вредности.

Минатата недела Централната банка ја намали каматната стапка како мерка на стабилизација на валутата и инфлацијата од 16 на 15 отсто. Протести се одржаа и во Анкара и другите турски градови.

Поврзани новости