Шведска за неколку дена ќе поднесе апликација за членство во НАТО

by Fokus

Шведските владејачки социјалдемократи најавија поддршка за влезот на земјата во НАТО.

Премиерката Магдалена Андерсон најави дека „сега е сосема сигурна дека за неколку дена ќе започне официјална апликација“.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде одлуката ја нарече „историска“.

„Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната состојба за Шведска и Европа во целина“, додаде таа.

Финскиот претседател Саули Ниинисто денеска официјално објави дека неговата земја аплицира за членство во НАТО, што е историска промена во неутралната надворешно политичка ориентација на земјата, поттикната од руската инвазија на Украина.

„Денеска претседателот и владиниот комитет за надворешни работи заедно одлучија Финска да аплицира за членство во НАТО“, изјави Ниинисто во Претседателската палата во Хелсинки.

Тој рече дека овој потег ќе ја максимизира безбедноста на земјата.

Поврзани новости