504
Шумските пожари што горат неколку дена во северна Украина дојдоа на само два километри од местото каде што се чува најопасниот отпад од нуклеарната централа Чернобил.
Невладината организација „Гринпис“ вели дека најголемиот пожар зафатил 34.000 хектари, додека друг пожар е на само еден километар од поранешната нуклеарна централа и зафатил 12.000 хектари.
Локалната полиција вели дека пожарите горат од 4 април, откако некој запалил сува трева близу забранетата зона.
Повеќе од 300 пожарникари работат на гасење на пожарите, во што им помагаат шест хеликоптери и авиони.
Нуклеарната централа и градот Припјат се напуштени од 1986 година, кога експлодираше четвртиот реактор на централата.