Во големи шумски пожар што избувна на Пелопонез кај Патра, пет лица се повредени, а десетина куќи се изгорени, соопшти грчката служба за цивилна заштита.
Повредените имаат проблеми со дишењето и се префрлени во блиските болници, се наведува во соопштението.
Болниците во Патра и соседните градови се во состојба на готовност, како и крајбрежната стража од страв дека капачите може да бидат загрозени од чад. Пет села се евакуирани, а според противпожарната служба, 145 пожарникари, 50 камиони, осум авиони и хеликоптери се мобилизирани за гаснење на пожарот.
Автопатот помеѓу Пелопонез и копнена Грција е затворен.
Грција секое лето е погодена од шумски пожари, но експертите предупредуваат дека глобалното затоплување ја зголемува нивната фреквенција и интензитет. Земјата е зафатена од топлотен бран од петокот, од кога температурите се движат помеѓу 42 и 44 степени Целзиусови.