Штрајкот на судската администрација ќе продолжи пред Владата

by Фокус

Од денеска до петок штрајкува судската администрација. Нивниот штрајк се одвива во објектите во кои работат, а од 10.30 до 12.30 часот тие ќе штрајкуваат пред судските згради. В петок пак, тие ќе протестираат пред Собранието, Владата и пред Министерството за правда.

image-c6b48031499bb0ba6cce346b8e81e151eae00c4197b2c2c490f298cc913fff80-V
Според законските обврски денеска и во следните два дена во судoвите ќе се работат само итните и притворските предмети. Синдикатот на судската администрација како што најавија пред три дена бара да им се врати старото работно време од 7.30 до 15.30 часот, да им се зголемат платите, да им се испалтат ветените зголемувања и да се одлободат од владиното засега задолжително тестирање.

Штрајкот го подржаа сите судови, а зад него стои и Синдикатот на УПОЗ.

Поврзани новости