Штрајк со шатори пред Влада на вработените во „Еурокомпозит“

by fokus

Од денеска почнува штрајкот со шатори пред Влада на вработените во прилепската компанија „Еурокомпозит“ на кои им доцни исплатата на последните 18 плати.

Како што најавија тие, ќе пристигнат со автобус и ќе останат се додека комплетно не биде решен статусот на компанијата во која работат.

Велат дека овој пат нема да прифаќаат лажни ветувања и исплаќање на една плата за да биде прекинат протестот.

Поврзани новости