Мицкоски поздравен од австриската амбасадорка и од Заев на вчерашниот прием пред МОБ

by fokus

Претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски, присуствуваше на вчерашниот пример на австриската амбасада по повод претседателството на Австрија со Европската унија. Истиот ден порано пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа Комисијата за европски прашања на Собранието на која се обрати амбасадорката Ренате Коблер. Како причина наведоа дека е тоа што во исто време беше закажана и седницата за поставување на пратенички прашања.

Сепак Мицкоски се појави на приемот на платото пред МОБ. Тој беше поздравен од амбасадорката, а премиерот Зоран Заев, обраќајќи се пред присутните се осврна на опозицијата и рече дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ Македонија треба да се внесе во ЕУ.

– Европа е потреба, за Европската унија, за нашиот регион што цели кон неа, за светот, затоа што Европа е доказ дека различностите се предност, заедништвото е можно – до стабилен свет, до спокоен свет, до економски развиен свет, до свет за сите. Јас се согласувам со канцеларот Курц дека успехот на Европа е можен само ако сите земји во Унијата соработуваат меѓу себе, а среќен сум дека интеграцијата на Западен Балкан во Унијата останува фокус и на австриското претседателство. Ваквиот фокус нам ни дава шанса да се бориме за нашата европска перспектива, да ги забрзаме реформите, да ги довршиме започнатите мостови со соседите – додаде Заев.

Поврзани новости