Основачот на згаснатиот весник „Врањске“ некогашен претседател на Независното здружение на новинари на Србија, Вукашин Обрадовиќ, соопшти дека започнал со штрајк со глад бидејќи сака да го сврти вниманието на новинарите и јавноста на, како што наведе, сета бесмисленост на борбата за слобода на медиумите која ја води во последните триесетина години. Тој се заклучи во просториите на весникот во центарот на Врање.
Пред да се заклучи во просториите на „Врањске“, тој ги замолил колегите да излезат, истакнувајќи дека тоа е „негова борба“ и негов личен чин. Пред просториите се собрани колеги и пријатели, а се очекува и пристигнување на претставник на НУНС од Белград.
„Не сакам да бидам патетичен, но ова е навистина очајнички потег на некој кој не гледа друг начин да ја заврши својата новинарска кариера а истовремено да задржи барем минимум самопочит и достоинство кое е неопходно за да се чувствува како човек, како човечко битие“, неведе Обрадовиќ во соопштението од е-мејл адресата на „Врањске’ еден ден откако е соопштено дека по повеќе од две децении тој весник престанува да постои.
Тој додава дека новинарството и „Врањске“ не може да се одделат од остатокот од неговиот живот и дека не сака да се сврти на другата страна и таа да го погази она за кое цело време се борел и да ги помести границите на слободата и демократијата во Врање и Србија.
„Немав, за жал, многу успех во тоа. Ни вие, ние јас. И време е да се соочиме со тој факт. Немам ниту илузии дека овој мој чин нешто ќе смени во оваа несреќна земја потоната во непочитување, аморалност, интелектуална и професионална проституција. Не сакам ни да изигрувам херој бидејќи не сум, пред сè, затоа што ужасно се плашам за иднината на моите, но и на вашите деца. Но, уште поголем ми е стравот што никако не можам да им помогнам. Не барам ничија помош ниту поддршка. Дури ќе ги сметам за лицемерни сите такви понуди. Бидејќи тогаш кога тоа беше смилено, наидував на затворени врати“, рече Обрадовиќ.
По повод гаснењето на „Врањске’ и штрајкот на Вукашин Обрадовиќ реагираа и новинарските здруженија.