Во година која завршува со скромно украсени градови и едвај неколку најавени организирани прослави на градските плоштади, што поради пандемијата, а што поради енергетската криза, Крива Паланка очигледно е општината која ќе понуди најбогата забавна програма за своите граѓани.
Голем број на музички ѕвезди, културни настани и забавни случувања се најавени во програмата која ќе започне од понеделник, 27-ми декември, а ќе трае до 31-ви, среда.
Помеѓу музичките имиња кои ќе настапат во Крива Паланка се Слаткар, Дац и Александар, Владо Јаневски, Елена Велевска, Исак Шабановиќ, Нокаут, Тајфата…
Жителите на општината коментираат дека очекувано е да имаат најдобра забава за празниците, со оглед на тоа што нивниот градоначалник Сашко Митовски е познат угостител.
Тој е сопственик на Националниот ресторан Воденица 3 и кафе бар Селект. И во минатото организирал разни настани, концерти, забави, културни и спортски манифестации.
-Не може, а да немаме најјака празнична програма, кога таткото на општината е човек познат по своето менаџирање уште од најрана младост. Имаме најбогата новогодишна програма, останува единствено да бидеме совесни и да се придржуваме до мерките за заштита од вирусот – велат кривопаланчани.
Додаваат дека очекуваат гости и од другите општини, бидејќи програмата е наменета за сите генерации.
Во прилог, распоред на настапите на најавените учесници:
ПОНЕДЕЛНИК 27.12 .
„Тајфата“ – 18:00 ч.
Елена Велевска – 18:45 ч.
Пајак и Јован – 19:30 ч.
Владо Јаневски – 20:15 ч.
ВТОРНИК 28.12.
Артист бенд – 18:00 ч.
„Insertakick“ – 19:00 ч.
„Нокаут“ 19:30 ч.
СРЕДА 29.12.
„YU for YU Бјело Дугме“ – 18:00 ч.
„2 Бона“ – 19:00 ч.
Исак Шабанович – 20:00 ч.
ЧЕТВРТОК 30.12.
„Златно Славејче“ дневна програма
Кловнови/ Жонглери/Дедо Мраз 12:00 ч.
Слаткар 18:00 ч.
Дац и Александар 19:00 ч.
„Брасс брадарс“ 20:00 ч.
ПЕТОК 31.12.
Хор „Распеано Симитче“ дневна програма
Кловнови/Жонглери/Дедо Мраз 12:00 ч.
Вики Клинчарова