Што зборуваа Орбан и Вучиќ додека се возеа од Белград до Нови Сад?

by Fokus

Сега, кога светот стана несигурен, мораме да размислиме за многу работи, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого присуствуваше на отворањето на меѓународната пруга преку која од Белград стигна до Нови Сад.

Орбан изјави дека во контекст на војната на источните граници на Унгарија (руска инвазија на Украина), Србите и Унгарците мора многу да ревидираат.

-Морам да признаам дека се надевам дека претседателот Вучиќ и јас ќе имаме улога во преиспитувањето на нашите планови во следните четири години, рече Орбан.

Посетата на унгарскиот премиер беше организирана две недели пред изборите во Србија, но и во Унгарија, во недела на 3 април. Како што изјави Орбан, „ќе се соочиме со какви било тешкотии“, а унгарско-српското пријателство и мир ќе бидат зачувани.

-Во тој мир ќе ги реализираме сите планови што ги планиравме со Србија, додаде унгарскиот премиер.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека со премиерот на Унгарија се договорил за взаемна помош во случај на криза.

-Во оваа тешка криза, што и да се случи, доколку нешто и недостига на Унгарија, Србија ќе биде прва што ќе понуди помош. Што и да и недостига на Србија, Унгарија ќе биде прва што ќе понуди, рече Вучиќ и му се заблагодари на Орбан за поддршката што Унгарија и ја дава на Србија.

„Секогаш кога е тешко, кога многу наши пријатели во Брисел и на други места ги спуштаат главите, нашите унгарски пријатели го креваат својот глас во одбрана на Србија и на нашите граѓани, рече српскиот претседател.

Инаку денеска беше пуштена за сообраќај пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград-Будимпешта. Делницата меѓу Белград и Нови Сад од околу 75 километри е дел од идната брза пруга до Будимпешта, и таа е дел од кинеската глобална иницијатива „Појас и пат“ за инфраструктурни врски меѓу Европа и Азија. Кога ќе се заврши изградбата на оваа делница, до Будимпешта со воз ќе се патува за помалку од три часа.

Поврзани новости