Пишува: Агим ЈОНУЗ
Нешто народов не ми е баш ‘‘спектакуларно среќен‘‘, иако по сите мерила на логиката ( вклучувајки ме и мене нели) би требало да кажеме ‘‘ЈЕЕЕЕЕ‘‘ и да се потапшаме по рамо дека ете одиме угоре во историското скалило на прогресот. Ме застануваат луѓе кои не се упатени во поимот геополитика и ме прашуваат што конкретно се случува, а јас се обидувам онолку колку што ми сече паметот да им ја одсликам реалната слика. Доследен на својот полу уличарски вокабулар, генерално и јас така гласно си размислувам и у „комшиски парламент‘‘ си анализирам криви дрини зошто да беа прави, ние „ее хеее‘‘ одамна ќе бевме у НАТО. За ЕУ,.. треба да си стварно кретен за да се надеваш дека тоа ке биде „утре, заутре‘‘. За у ЕУ ,… ‘‘отом – потом‘‘!
Се смеевме и се чудевме сите како тоа Албанија влезе у НАТО пред нас, како Румуните станаа ‘‘европејци‘‘, ( Бугарите не ги чепкам намерно), и како многу нешта по некаков хипокритичен модел на ‘‘ напредок‘‘ отидоа пред нас далеку. Отидоа ‘‘ крастајци криви‘‘. Геополитиката во својата глобалистичка партија на шах одамна направи ‘‘ршум‘‘ по светот во името на развојот на демократијата и мирот во светот, а во меѓувреме тоа го постигнува само со еден модел,.. ‘‘ сакаш мир или војна‘‘! За оние кои знаат да читаат меѓу редови, пораката која цело време виси над оние кои не се послушни е ‘‘ има да слушаш или ке ти скршам зуби‘‘, а у меѓувреме се додека ме слушаш има да бидеш како што треба! Читај ( каков што ке ми требаш)! Поентата ми е, да не и требавме на меѓународната заедница како коцка во замислениот мозаик, до сега ке бевме не поделени, не непостоечки, него имаше да не нема бре! Ама ај, нек се радуе народ дека сме биле способни и дека сево ова е ‘‘заслужено‘‘. Аа? Да,.. да…!
Америка го разори Вавилон! Па нас кои се курчиме со црешовото топче?! Ма, носи се бре!
И птиците на гранка знаат дека референдумот ке успее, зашто неуспехот не враќа не само нас назад на почеток, туку и ги заебуе сите есапи на меѓународната заедница. Свесни ли сте колку они инвестираа во сево ова! Нив ги интересира само радиусот на влијанието кој го шират се повеќе за да може да си прават што сакаат ‘‘фараоните‘‘ ( читај корпорациите и банкарите). Тоа што ние на некој начин ‘‘ ја спасуваме државата‘‘ е едно, секако единствениот начин да се спасиме беше да бидеме корпоративно афирмативни во она што некој го прави ‘’ за мирот, демократијата и посветлата иднина‘‘ . За баба ми да свати зашто нејзиниот глас е валиден на референдумот, треба и неа да и се обратам и да и кажам дека за мирот, демократијата и посветлата иднина данокот на она што ја спасуваме државата истовремено подразбира и дека нејзините внуци треба да бидат топовско месо по пустините на Месопотамија. Исто како што своевремено Амерканците ја бранеа Америка по прашумите на Камбоџа , Виетнам, ‘‘богу иза леџа‘‘, ама глобализацијата вика ‘‘бирај‘‘ – змијата или магарето!
Република Македонија ( за мене вечно таква и само таква) влегува допрва во една страшна проблематика која не е воопшто нова, ама е дури сега ‘‘ цара до дувара‘‘ сериозна! За една година ке треба да реши многу нешта што не можеше цели дваесет и седум години. Профитирањето базирано на матната вода во која се ловеа крупни риби ке мора да биде минато, или да се намали барем на ниво кое може да се контролира низ казнената политика во судството кое ке треба да биде независно, реформирано и да не набројувам уште кој е конгломератот на проблематиката која треба Македонија да ја направи – Европска!
Во земјата треба да се воведе ред! Ке го воведеме! Аха!? Простете, ‘‘ жими Ашим‘‘!
Како прво, Една огромна плејада политичари е некомерционална и изџвакана за во една нова консталација на функционирање по нашиот влез во евро-атланските структури. Бројката на такви арслани е толку голема што навистина ке биде интересно да се види како тоа некој овдека ке постави критериум за во иднина и кому газот може да седне на раководни места онаму каде што реално се крои судбината на обичниот граѓанин. Зашто, оној што ке не кредитира, донира, а богами и дебело контролира ке праша ‘‘ алоо шта радите бре мишеви‘‘!?! Е, во меѓувреме се поставуваат уште многу прашања. Ке одат ли у апсаана ‘‘ Грујо – Мујо‘‘ и сите оние кои ја приватизираа Македонија. Ке одговараат ли реалните виновници за мега случаевите зад кој стојат невини жртви кои животите ги изгубија како данок на нечии игри за дестабилизација? Ке профункционира ли политичкиот систем како реално граѓанско ткиво на интелектуалци кои своите дејанија ги фикусираат за доброто на сите без да прашат дали е ‘‘ турско или каурско‘‘? Една огромна плејада на благи, умерени до ултранационалисти ке треба да престанат да се бават со себе си туку ке треба да запеат нова песна?
Тешко! А со што би се бавеле после 27 години ( осмата тече)! Ке садат бостан! Само за тоа се!
На есен не чека еден голем циркус! Откако се она што не се слага со десницата и гласа за евроинтеграциите е прогласено за велепредавничко ткиво, мое лично мислење е дека националистичката реторика ке се подигне на уште повисоко ниво, ама овој пат фокусирано до – Албанците! Се спрема ‘‘ јамб у најава‘‘ или попрецизно речено намештаљка во која ПР-от на десницата ке фрла дрвја и камења по албанците дефинирајки ја ситуацијата дека да не беа гласовите на албанците ниту Македонија ке беше ‘‘Северна‘‘, ниту било кој бутур ке успееше да ја разнебити македонска света кауза за која современиците кои направија милиони се бореле до капка крв! Јеботе, кое срање кроз густо грање!
‘‘ШИПТАРИТЕ УШТЕ ДОЛГО КЕ БИДАТ НА ТАПЕТ‘‘ – фала богу што ги има!
Она што е добро, е податокот ко вели дека албанците ‘‘ не го јадат више‘‘ и дека за општа среќа се по бројна е масата која разбира дека од сите срања на политичката сцена ке треба еднаш за навек да се носат у три пизде материна сите големи ‘’ македончишта‘‘, албанчишта‘‘, сите оние кои на национал романтистичкиот тепих го играа тангото на ‘‘ сречо моја чорави народе‘‘ . Тој ‘‘ Гангам Стајл‘‘ политика ке треба еднаш за навек да исчезне, поготово ако го земеме предвид податокот ко вели дека со самиот влез во евроатлантските структури ние за самите нас ке одлучуваме ‘‘ жими такво‘‘ без да прашаме ‘‘ ми би ,… јел смемо‘‘?… Криминалната структура и целото ткиво кое ја задржа толку долг период Македонија во заложништво ке мора ( under must ) да биде казнето. Инаку, како на народот ке му се покаже и докаже дека судството е ремонтирано и гази со пун гас у четврта брзина.
Една работа е евидентна, иако никому не одговара да ја зборува вистината, а тоа е фактот кој вели дека меѓубародната заедница не ни е ни мајка ни татко, ама за наша среќа ‘‘ глуми партнер за инсталација на прогрес‘‘. И тоа пак, ете не враќа во оној хипокритичен момент кој вели дека пораката е многу по проста и вели:
ВИ ДАВАМЕ ШАНСА ДА СИ ЈА СПАСИТЕ ДРЖАВАТА, ЗАШТО АКО ЈА УСЕРЕТЕ РАБОТАТА, НИ СТО ИЛИНДЕНСКИ ВОСТАНИЈА НЕ ВИ ЈА ВРАЌААТ ВИШЕ НАЗАД! БАРЕМ НЕ ТРИ ГЕНЕРАЦИИ!
ГРЕШАМ?!?
Дај боже да сум најголемиот кретен на светот кој тресе глупости, ама некако не ми изгледа, барем тоа е мој став и мислење приватно. Што побрзо сватиме дека има да играме како ни свираат, тоа побргу ке ги прескокнеме непотребните историски ‘‘ офсајд замки‘‘ после кој судијата ке ни свири прекршок и ке ни ја одземе топката со која си играме дваесет и седум години.
Македонија одсекогаш била поробена земја. Кој рече дека некогаш е ослободена? Ова тло одсекогаш било газено од нечија чизма, подбоцнувана од нечии мамузи, отсекогаш некој на чистите домашни килими влегувал непоканет и газел со прљави кондури!
Каква е разликата ако некој влегува и гази у ‘‘ADIDAS ‘’ патики,….! Да!,.. Шизички е! ,… ама сепак влегува ко да е на ‘‘татко му’’ ! А ти му викаш ‘ не се соблекувај,, не се соблекувај,.. а у себе му јебеш све живо зашто знаеш дека ионака нема да ги соблече, ама ете,..
Битно, кубурата уште ни е на појас,.. ама овој пат ја чуваме не за ‘‘ лоши времиња‘‘, туку за странски мисии во кои ке треба да се бориме ‘‘ ко да нам је Чача тамо негде у планинама северног Ирака‘‘!
Хм! Ова Северно, ме нервира!