Што пропушташ кога не внимаваш? ОКТА со несекојдневна комуникација ја подигнува свеста за безбедноста во сообраќајот

by irena 14:28
14:28

Паднат велосипед, заштитна лента и пораки што отвораат прашања за пропуштените моменти во сообраќајот. Необичната поставка пред East Gate Mall е дел од комуникацијата на ОКТА, со која компанијата преку кампањата „ЈАС ВНИМАВАМ“ ја насочува јавноста кон важноста на вниманието и одговорноста на сите учесници во сообраќајот.

Низ кратки и впечатливи пораки, поставката прикажува како еден учесник може да пропушти да забележи друг, но и како самите можеме да пропуштиме да преземеме мерки за сопствена безбедност. Така, поставката не се задржува само на последиците од една сообраќајна ситуација, туку отвора пошироко прашање за тоа колку често во секојдневното движење не ги забележуваме ризиците околу нас.

Оваа комуникација е дел од овогодинешниот креативен концепт „Што пропушташ?“, преку кој ОКТА ја пренесува пораката „Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ и потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од вниманието, присутноста, навремената реакција и одговорноста кон сите со кои го делиме патот. Оваа општествено одговорна кампања ОКТА ја спроведува во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Слични вести