Што предвидува новиот предлог – закон за помилување?

by fokus

Ако Собранието го изгласа Предлог – законот за помилување, тогаш во иднина претседателот на државата нема да може да помилува лица кои се осомничени или обвинети, туку само оние за кои има правосулна судска пресуда дека сториле одредено кривично дело.

Министерството за правда соопшти дека предлогот е доставен во владина процедура. Овие измени се најавуваа уште кога со Министерството за правда раководеше професорот, Никола Тупанчески.

-На овој начин ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела. На тој начин се придонесува во зајакнување на независноста на судството и, воопшто, функционирањето на системот на поделба на власта и правната држава, соопштија денеска од кабинетот на Претседателот.

Меѓу политичарите кои досега беа аболицирани се поранешниот премиер, Зоран Заев, а последната групна аболиција ја даде поранешниот претседател, Ѓорге Иванов кој аболицираше над педесет поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ја повлече аболицијата.

 

Поврзани новости