Писателот Салман Ружди, кој беше нападнат со нож во Њујорк, се женеше четири пати. Неговата четврта сопруга беше актерката Падма Пакшми.
-За мене беше прекрасно затоа што конечно имав некој што ме разбира бидејќи и тој беше од Индија, исто така живееше на Запад и беше многу добар во балансирањето на тие два света – изјави Падма Лакшми за магазинот „Пипл“ во 2016 година, зборувајќи за своите мемоари „Љубов, загуба и што јадевме“ (Love, Loss and What We Ate).
Актерката и писателот се запознале во 1999 година на забава во Њујорк. Во тоа време тој сè уште бил во брак со својата трета сопруга, Елизабет Вест. Падма тогаш беше амбициозен модел и актерка. Во 2006 година играше покрај Мараја Кери во филмот „Glitter“, а потоа доби улога во кулинарската емисија „Топ готвач“, на кој и посвети 15 години и која ја одбележа нејзината кариера.
Романсата на Падма и Салман траеше од 1999 до 2007 година. По три години заеднички живот, парот се венча во април 2004 година. За жал, оваа љубовна приказна немаше среќен крај.
Според Падма, првите години од нивниот брак биле „блажени“. Меѓутоа, како што напишала во своите мемоари, здравствените и професионалните проблеми ја нарушиле нивната врска. Падма боледува од ендометриоза, болно нарушување на матката. Имала страшни хронични болки и била принудена да одреден временски период да не станува од кревет. Здравствената состојба ја спречила да има сексуални односи.
Во мемоарите што „Гардијан“ ги стави на листата на „мемоари за одмазда“, таа напишала дека Салман нејзиниот брак го нарекол лоша инвестиција поради нејзините здравствени проблеми и дека на нејзините зборови дека е болна и не може имај секс, одговарал во стилот „интересно што тоа го кажуваш сега“. Таа открила дека морала да го теши секоја година откако ќе ја загубил трката за Нобеловата награда.
Падма нагласила дека неговата огорченост во бракот растела како што напредувала нејзината кариера, а нејзе ѝ било важно да изгради сопствен идентитет. Тој во една прилика рекол дека нејзе воопшто не ѝ одговарало да биде втора виолина.
Според нејзините зборови, таа го сака и го смета за член на нејзиното семејство. Падма Лакшми во меѓувреме се омажи и доби ќерка. Ружди е татко на две деца.