Возачот на српскиот автобус е приведен, патник остана без екстремитет

by Фокус

Две деца повредени во вчерашната несреќата на автопатот Тракија во Бугарија ќе бидат пренесени во болницата Пирогов во Софија, изјави службениот министер за здравство Асен Меџидиев.

Во болницата во Стара Загора има 14 лица – двајца возрасни и 12 деца. Две од децата се во тешка состојба. Едното сега е стабилизирано и е контактибилно, но ќе биде потребна операција.

-Во 9:00 часот детето ќе биде пренесено во Софија на детска хирургија, додека другото дете има трауматски шок и траума на горен екстремитет. Неговата состојба е малку влошена. Ќе се транспортира до „Пирогов – рече Меџидиев.

Тој посочи дека на еден возрасен му е ампутиран екстремитет.

-Оние кои се во добра состојба со амбулантно возило ќе бидат пренесени на граница каде ќе бидат преземени од српска страна – истакна министерот.

Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија излета вчера од автопатот Тракија во Бугарија и се преврте во ендек.

Несреќата се случи вчера околу 20 часот по локално време на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Патувале од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија.

Возачот на автобусот бил приведен и наредено му е да не ја напушта државата додека трае истрагата за причините за несреќата.

Еден од патниците вели дека до неа дошло откако патник му го одвлекол вниманието на возачот, со тоа што сакал да седне на совоозачкото седиште.

Поврзани новости