Што му кажал Бајден на Зеленски при посетата во Киев?

by Fokus

Првиот човек на САД, Џо Бајден денеска беше во ненадејна посета на Киев и средба со претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

Тој изразил поддршка на Украина која пред една година влезе во воен конфликт со Русија.

„Херојството на Украинскиот народ е инспирација за целиот слободен свет. Таа мрачна ноќ, светот се подготвуваше за падот на Киев. Се стравуваше и за крајот на Украина. Една година подоцна, Киев се уште е тука. Украина исто така. Американците се со вас и светот е со вас, изјави Бајден.

 

 

Поврзани новости