Со измените на Кривичниот законик и новиот Закон за амнестија надеж има за сите затвореници дека ќе излезат побрзо од зад решетки.
Екс обвинителката Катица Јанева е осудена за дело злоупотреба на службена положба и овластување и таа не може да се надева дека ќе профитира од измените на КЗ.
Измените на Кривичниот законик не можат да ја ослободат Јанева бидејќи пресудата за случајот “Рекет” веќе одамна е правосилна, а беше потврдена и од Врховниот суд.
Измените се однесуваат само на постапките кои се во тек, бидејќи за обвинетите и неправосилно осудените важи поповолното законско решение.
Сепак, според информациите, нејзините адвокати бараат начин да излезе на слобода со условен отпуст.
Јанева е осудена на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, а пресудата е правосилна.
Таа на 15 јули 2019 година поднесе оставка од својата позицијата во СЈО пред објавување на аферата „Рекет“, а беше приведена на 21 август, по што и беше одреден притвор.