Што кажа Курти непосредно пред тепачката и полевањето со вода?

by Fokus

Пред тепачката во косовското Собрание, косовскиот премиер Албин Курти, пред да биде полеан со вода, зборуваше за налогот за апсење на Милан Радоичиќ, како и дека 25 отсто од полицијата ќе се повлече од северот на Косово.

Курти рече дека потерницата за Радоичиќ, според неговите тврдења, била отстранета пет дена по доаѓањето на владата предводена од него.

Зборувајќи за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, Курти изјави дека 25 отсто од полицајците не се повлекуваат од северот, туку ќе бидат „раселени во општинските објекти“, пишува Газета Инсидери.

„Немаме повлекување на косовската полиција. Сите полицајци кои се на северот на Косово се на северот на Косово. Имаме 25 проценти раселување на полицијата во општинските објекти. Ниту една полиција не излегува од зградите за да дојде на југ. За еден ден оставки поднесоа 547 српски полицајци. Денеска зборуваме, таму има над 800 косовски полицајци, не само Албанци. Пет дена по нашата победа, победивме на изборите на 14 февруари 2021 година. Пет дена подоцна, поранешната влада, пред да ја формираме владата, имаше распишана потерница по него. Од другата страна на границата во Србија е хотелот Копаоник“ – рече Курти.

После тоа, тој беше полеан со вода од пратеникот на Демократската партија на Косово, Мергим Луштаку, кој потоа беше гаѓан со шише од вицепремиерот Бесник Бисљими.

Поврзани новости