Што јадеше Џони Деп на вечера од 60.000 евра?

by Fokus

Џони Деп ја прослави судската победа над поранешната сопруга Амбер Херд во индиски ресторан во Бирмингем со пријателите и плати сметка од околу 60.000 евра.

Во елегантниот ресторан Варанаси, на актерот (58) му се придружија неговиот пријател музичар Џеф Бек (77) и уште 20 луѓе. Групата уживаше во банкет со индиска храна подготвена специјално за нив, бидејќи ресторанот беше затворен за други клиенти.

Јадењето било разубавено со разни коктели и розе шампањ, пишува „Дејли Меил“.

Сопственикот, Мохамед Хусеин, го откри менито кое, меѓу другите јадења, вклучувало пилешко тика масала, јагнешко карахи, буна ракчиња придружени со ориз басмати. Со вина, шампањи и коктели сметката дошла околу 60.000 евра, а платил – изгледа – Деп.

Хусеин рече: „Тој е прекрасен, приземјен и помина многу време разговарајќи со персоналот, нашите пријатели и моето семејство. Со задоволство направи неколку фотографии со нив. Многу време ни посвети “.

Во Обединетото Кралство, Деп се приклучи на турнејата на Бек и настапуваше на концерти во Сејџ Гејтсхед во Северна Англија, Глазгов и лондонската Ројал Алберт Хол

Поврзани новости