Што го поврзува убиството на Жила и Љаци од Дуќанџик со ликвидациите на браќата Јонузи од кланот Бундес?

Последното двојно убиство во „Шиша бар“ ја врати јавноста во скопското подземје, кое се прегрупира, но не престанува да се пресметува. „Фокус“ прави хронологија како почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои преку ноќ станаа смртни непријатели. Во меѓувреме, никој не знае дали и кога ќе исчезне пизмата меѓу бандите на Скопје, мотивирани од крвна одмазда, како и за позиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, изнуда...

by Фокус

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

На 6 март 2023 година, убиен еден од главните водачи на Дуќанџиќ и близок соработник на Бајрами – Оки – Јетон Кривањева – Жила, заедно со Енес Ибраимов – Љаци.

Како што пишува најновиот број на неделникот „Фокус“, ова двојно убиство има слични елементи со ликвидациите на браќата Камер Идризи и Јонуз Идризи од сојузничкиот клан Бундес од Бутел, според времето и начинот на извршување.

Имено, нашите соговорници посочуваат дека сите ликвидации се извршени ноќ пред исламските верски празници:

• 12.5.2021 – Рамазан Бајрам. Убиен – Камбер Идризи од група Бундес.

• 25.4.2022 – Qadr Night. Верниците сметаат дека на оваа ноќ гревовите се простуваат. Убиен е Јонуз Идризи од Бундес.

• 06.3.2023 – Mid-Sha’ban. Се смета за ноќ кога Алах може да им прости на грешниците и се организираат молитви за прошка од Алах за починатите предци. Убиени се Кривањева – Жила и Исеинов – Љаци од Дуќанџик.

Начинот на извршување е ист. Неколку маскирани лица, извршители кои настапуваат како припадници на специјални сили. Според полициски извори, користат логистика на лица кои возат веспи или мотори и ги следат таргетите.

По влез во објект, говорат на релативно чист македонски јазик – “Стој, полиција“, не мрдајте”. Убиството е со рафално пукање во глава. Свирепоста укажува дека се испраќа порака. Притоа, атентаторите се хируршки прецизни, добро ги познаваат жртвите и пукаат само во нив.

Користат АК 47 – калашников, кое никогаш не е оставено ниту кога е запалена колата при бегството. Користат иста маршрута на бегање кон Шутка или близина на Визбегово за кон Качанички пат.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости