Што договорија Вучиќ и Курти во Охрид?

by Fokus

Косовската страна инсистира да се употребува референцата менаџирање на српски општини, наместо владеење, по договорот кој синоќа во Охрид беше постигнат меѓу лидерите на Косово и Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија, Албин Курти, се договорија за анексот на договорот за нормализација на односите, кој треба да даде насоки како договорот ќе се спроведе. Тема на дијалогот, меѓу другото, беше формирањето на заедница на српски општини во Косово.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел во својата изјава по средбата рече дека е договорено ниво на self-governance на српските општини.

Во Анкесот пак стои: „Косово веднаш ќе покрене преговори во рамки на дијалогот со ЕУ за да се оствари адекватно ниво на самоуправа на српската заедница на Косово, во склад со претходниот договор“.

Формулацијата Заедница на српски општини не се споменува на директен начин. Во следните 30 дена треба да се формира заедничка комисија која ќе го надгледува спроведувањето на договорот.

Освен тоа, двете страни се обврзуваат итно да ја применат Декларацијата на исчезнати лица, а Европската унија ќе организира донаторска конференција за финансиска помош на Косово и Србија, но средствата нема да бидат доделени се додека сите делови од претходно постигнатиот договор не бидат спроведени.

Анексот не дефенира една точка до Договорот која во Србија различно се толкува, а тоа е дека Србија нема да го спречува зачленувањето на Косово во меѓународните организации. Сепак во Анексот е потенцирано: „Косово и Србија се согласуваат дека нема да ја блокираат примената на ниту еден член“.

Како што најавуваше пред средбата дека ништо нема да потпише во Охрид, Вучиќ остана на својот збор. И покрај ова европските претставници беа задоволни од исходот и сметаат дека е постигнат договор.

Преговорите се водеа во вилата „Биљанини извори“, која во минатото беше во сопственост на југословенскиот претседател, Јосип Броз Тито.

Поврзани новости