Што бара Гаши од Заев?

Во игра се вицепремиерско место, плус министерствата за здравство, труд и социјала, земјоделство, култура, информатичко општество.

by Фокус

СДСМ и Алтернатива засега не откриваат детали од преговорите за засилувањето на парламентарното мнозинство со четворицата пратеници од албанската опозициска партија.

Единствено, од таму истакнуваат дека постигната е начелна согласност за влез на Алтернатива во Владата, додека министерските и други функции што треба да ги добие партијата допрва ќе се прецизираат и утврдат.

Според неофицијални информации од ДУИ, пак, партијата на Африм Гаши во преговорите со премиерот Зоран Заев бара вицепремиерско место, плус два ресори во конкуренција на министерствата за здравство, труд и социјала, земјоделство, култура и информатичко општество и администрација.

Покрај тоа, функционер на ДУИ посочува дека Гаши бара и директорски позиции во влијателни државни компании, како ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ, МЕПСО, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и др.

Инаку, договорот за распределба на министерските ресори и други функции, според најавите од СДСМ и Алтренатива, треба да биде постигнат до крајот на неделава.

Заев и Гаши неделава ќе договорат и министри

В.С.

Поврзани новости