Штипските пожарникари-спасувачи: По 12 часа дневно баравме под урнатините во Турција!

by Fokus

Урната деветкатница, покрај неа багер, кој интензивно работи и ги крева бетонските плочи од нечии поранешни домови, во кои спомените за само еден миг на делчиња ги распарчи и уништи катастрофален земјотрес. Спасувачките тимови на Турција и на Македонија со вперени очи кон урнатините, но и дел од нив внимаваат да не се урне некоја од навалените згради врз тимовите. Дванаесет часа се работи на терен, со надеж дека ќе се извлече жив човек од урнатините, во турскиот град Адијаман.

Вака за МИА ја опишуваат седумдневната спасувачка акција штипските пожарникари, Дарко Коцев, командир на ТППЕ – Штип и пожарникарите-спасувачи Миланчо Смилев, Ефрем Трендафилов и Зоран Коларов, кои беа дел од вториот македонски спасувачки конвој, организиран од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.

– На терен бевме по 12 часа. Штипските пожарникари со македонскиот тим и Дирекцијата за заштита и спасување беа добро организирани со помош на турските власти и турските спасувачи. Покрај тешката механизација успеавме заедно целиот тим 12 часа да бидеме над урнатините и да внимаваме, да гледаме, да пазиме дали ќе најдеме тело, дали ќе најдеме преживеано тело. Нашата работа беше спасување и придружување на подурнатините, вели Коцев.

Поврзани новости