504
Шестчлено семејство од Штип се засолниле во подрумот на зградата во Филисбург за да се спасат од бурата предизвикана од ураганот Ирма, кој вчера ги зафати Карибите. Меѓу нив било и едногодишно дете. За среќа сите ја преживеале ударот без сериозни повреди, но останаа без својот дом.
Штипјанката Билјана Шутева синоќа на својот фејсбук профил побара помош за да се извлечат живи и здрави штом ке се отвори аеродромот . Според нејзиниот фејсбук статус, луѓето кои биле среде катастрофата немале храна, вода, ниту струја. Дел од нив се сместени во прифатилишни центри во Филисбург Холандски Антили.