422
Дваесет и четиригодишен штипјанец изгубил контрола врз мопедот „Гилера Ранер“ со скопски регистарски ознаки кој го управувал и паднал на коловозот.
По незгодата, возачот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.