Тодоров се сомничи за несовесно работење во службата

by fokus

Управата за финансиска полиција до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против екс министерот за здравство Никола Тодоров и против П.В. тогашен раководител на единицата за имплементација на проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи во Министерството за здравство поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, сооштија од Финансиската полиција.

Се работи за склучениот договор за градежни работи во општите болници во Куманово, Кочани и Крива Паланка за што била избрана фимата Конструктор Инженернг АД СПлит.

Во објаснувањето на кривичната пријава, од финансиската полиција наведуваат дека двајцата и покрај тоа „што биле свесни за ненавремено и неквалитетно изведување на работите од изведувачот“, во текот на 2011 година не презеле никакви активности за активирње и наплата и не побарале продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција во износ од 3.813.000 денари за извршување на работите пред истекот на нејзината важност што е спротивно и на Законот за јавни набавки и на Договорот.

Поради неисполнување на обврските од договорот и прекршување на рокот и неквалитетна изведба, во 2012 година Договорот со оваа фирма е раскинат и за довршување на работите се спроведени нови постапки и биле склучени нови договори, со други изведувачи.

Со тоа како што констатира Финансиската полиција во пријавата, со пропуштање на активирање на банкарската гаранција, Тодоров и П.В. несовесно постапиле и го оштетиле буцетот за 3.813.000 денари.

Поврзани новости