Оштетените штедачи од Еуростандард банка излегоа на протест пред Собрание и побараа државата целосно да ги обесштети, а потоа парите да си ги земе од стечајната маса.
Од штедачите на оваа банка која на на 12 август отиде во стечај обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити се сумите до 30.000 евра, додека 780 штедачи со поголеми заштеди сумата над 30.000 евра треба да ја бараат од стечајната маса, јавува Вечер.
Oд контактите со стечајниот управник добиле информација дека преку стечајната маса во најдобар случај би добиле само дваесетина проценти од бараната сума, бидејќи банката имала дадено големи кредити кои не можат да се наплатат.
Порачуваат дека нема да престанат да протестираат и ако треба нема да се тргнат од пред Собранието се додека не им биде одговорено на барањето.