Заев следната недела на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

by fokus 17:21
17:21

Премиерот Зоран Заев на 8 октомври во седиштето на НАТО во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг.

Како што соопшти прес-службата на НАТО, Заев ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

- Advertising -

Предвидено е по разговорите, Столтенберг и Заев да одржат заедничка прес-конференција.

Република Северна Македонија во март годинава стана 30 полноправна членка на Северноатлантската алијанса.

Поврзани новости