398
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во интервју за „Зидојче цајтунг“ зборуваше дека има можност да дојде до распаѓање на Европската унија.
-Ако веќе не умееме да ја цениме вредноста на Европската Унија, тогаш таа ќе пропадне, рече Валтер Штајнмаер.
Според него, во текот на минатата година беспоштедно се покажало дека вредностите кои со децении важеле за апсолутно сигурни, одеднаш целосно се доведени во прашање.
-Вечен мир на нашиот континент, Европа без алтернативи – тоа едноставно повеќе не важи. Финансиската криза, бегалскиот бран и шокот поради референдумот во Британија ја турнаа Европската Унија во жестоки турбуленции – изјави Штајнмаер.