Мисовски: Наследството од историското ВМРО пропагандно го присвоијa

by fokus

Во петокот шефот на Централниот изборен штаб на НСДП, Горан Мисовски како дел од партиските активности во пресрет на претстојните парламентарни избори, во Битола одржа регионална средба со раководствата на партиските ограноци од петата изборна единица.

-Македонија повеќе не може да биде во рацете на сомнителна групација, која гравитира околу сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, чии лукративни интереси десет години добиваат приоритет во однос на државните интереси. Наследството од историското ВМРО пропагандно го присвоија и искористија за прикривање на партиско-фамилијарните криминални интереси и бизниси, наместо негување на револуционерниот дух, станаа најсилни пропагатори на партиско-политичкиот конформизам, непотизмот и клиентилизмот, врдености кои немаат ништо заедничкото со македонските револуционери- чии наследници сакаат да се прикажат, рече Мисовски.

На средбата се зборуваше за подготвките на партијата за претстојните избори, како и за актуелните политички случувања во земјава.

Поврзани новости