Штајнамер: Војната во Украина е и војна против единството на Европа

by Fokus

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска оцени дека војната што рускиот претседател Владимир Путин ја води против Украина е и „војна против единството на Европа“.

-Не смееме да дозволиме да бидеме поделени, не смееме да дозволиме да се уништи големото дело на обединета Европа, која толку ветувачки започна“, рече претседателот Штајнмаер за време на говорот во западногерманскиот град Падерборн, пренесува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.

Тој оцени дека војната што ја започна Русија не се однесува само на територијата на Украина, туку е насочена кон двојната основа на европските вредности – редот и мирот.
„Одбраната на овие вредности значи да се биде подготвен да прифати значителни недостатоци. Русија не само што ги доведува во прашање границите, таа не само што ги окупира териториите на независна и суверена соседна држава, туку ја оспорува и државноста на Украина. Дали сме подготвени за тоа? Сите ние се соочуваме со ова прашање денес и во наредните денови, недели и месеци“, предупреди Штајнмаер.

Поврзани новости