Видео: Пожарот во Ѓавато повторно закана за куќите

by Fokus

Доцна вечерва пожарот во околината на Ѓавато (општина Богданци) повторно се разгоре и претставува закана за куќите, информираат за „360 степени“ жители на селото. Како што може да се види од видео-материјалот, месноста е зафатена од силен ветер, што дополнитено го распламтува огнот.

 

Жителите велат дека на терен и понатаму се пожарникарски екипи и доброволци од соседните општини, Дојран и Гевегелија. Околината е тешко пристапна.

Пред само два часа, мештаните информираа дека пожарот повеќе не е закана за куќите и дека е локализиран (во делот кон селото). Пратија и фотографии и видео записи на кои можеа да се забележат само мали пламени и тоа подалеку од куќите.

Пожарот кај Ѓавато и околината почнал околу 13:30 часот, информираше Центарот за управување со кризи. Во првите неколку часа имаше опасност по куќите во селото, но и блискиот ветерен парк и препумпната станица за вода, која е дел од системот за полнење со вода на Дојранското езеро.

Се интервенира само од земја. Дел поради дел временските услови, дел поради тоа што пожарот зеде замав во попладневните часови, денеска не беше активиран и хеликоптер за гаснење на оганот од воздух.

 

 

 

 

Поврзани новости