Штајнакер: Во рацете на владејачката гарнитура Македонија стана дисфункционална, а ВМРО-ДПМНЕ една од најбогатите партии во Европа

by fokus

После десет години владеење на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, Македонија стана дисфункционална држава, а ВМРО-ДПМНЕ една од најбогатите партии во Европа, пишува во колумна за Дојче Веле, поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер.

-Размерите на манипулација и на злоупотребите на власта и слабеењето на цивилното општество излегоа на виделина во скандалот со прислушувањето во 2015 година. Внатрешнополитичката криза меѓутоа постои уште од многу порано. Таа датира и од пред насилното исфрлање на опозицијата од парламентот на 24.12.2012 година, кое претставува сепак пресвртна точка.

Недоволната реакција на меѓународната заедница, репрезентирана првенствено преку ЕУ, со оглед што Македонија од 2005 година е кандидатка за членство во  Унијата, и на САД, може да се разбере само со придавањето приоритет на „стабилноста“ на регионот по секоја цена. Тоа важи дотолку повеќе, што Македонија во т.н. бегалска криза игра „конструктивна“ улога.

Прашање е дали со претстојните избори може да се издејствува промена. ВМРО- ДПМНЕ, со оглед на контролата врз управата и судството, секако ќе остане најсилна партија, пишува Штајнакер.

Поранешната германска амбасадорка во Македонија, Гудрун Штајнакер неодамна одржа предавање на тема Македонија во рамките на конференцијата посветена на ЈИ Европа. Оваа колумна е извадок од нејзиниот реферат на тема „Опасностите за опстанокот на Македонија од внатре и од надвор“.

Фортографија: Дојче Веле

 

Поврзани новости