Изборниот штаб на Стево Пендаровски попладнево реагираше на обвинувањата од Гордана Силјановска Давкова дека Пендаровски откажал дебата на телевизија Телма. Од штабот велат дека Силјановска лаже, а дека дебатата, односно дуелот се уште не е закажан, туку телевизијата само им понудила неколку термини./
-Силјановска повторно лаже и се служи со невистини. Воопшто не е точно дека бил закажан ТВ дуел на Телма телевизија. Ваквите невистини не можат да ја покријат Сиљановска од нејзиното реално и вистинско бегање од „Жешко столче“ на истиот медиум. Во очекување на официјален демант од споменатиот медиум за невистините на Сиљановска, во прилог ja доставуваме писмената покана, во којашто јасно се наведени неколку термини за одржување на телевизиското соочување кое се уште не е закажано, велат од штабот на Пендаровски.